Американскиот претседател Барак Обама верува дека демократите ќе го задржат мнозинството во Сенатот на меѓуизборите во САД кои се одржуваат денеска.
На овие избори ќе се гласа за вкупно 471 места во Конгресот – 36 во Сенатот и сите 435 места во Претставничкиот дом. Покрај тоа ќе се избираат гувернери во 36 од 50-те американски држави. Потпретседателот Џозеф Бајден ја изрази својата увереност во излезот од гласањето.
– Не се согласувам со предвидувањата. Моето предвидување е дека ние ќе го зачуваме Сенатот, изјави Бајден.
Џош Ернест, портпарол на Обама вели ова мислење го дели и шефот на државата. Тој, сепак, повика да не се прават избрзани заклучоци за изборите.
– Овие избори се многу различни од претседателските, особено оваа година, истакна Ернест, објаснувајќи дека повеќето од дебатите беа спроведени во САД, доминирана од републиканците, каде Обама не доби мнозинство во 2012 година.
Од изборите во 2010 година, Конгресот е поделен меѓу Претставничкиот дом, која е доминиран од републиканците и Сенатот со мнозинство на демократите.
Рејтингот на Обама во момвентов се движи некаде околу 40%, што е рекордно низок резултат за него. Во однос на неговата популарноста, американските експерти предвидуваат успех на републиканците.
Во Претставничкиот дом каде заседаваат 233 републиканци и 199 демократи прашањето е само колку дополнителни места ќе добијат републиканците, сметаат аналитичарите.
Проекциите се движат од 5-6 до 12-13 и дури повеќе мандати. На претходните средни избори во 2010 година партијата на Обама загуби 63 места во Претставничкиот дом.
Според аналитичарите не е исклучено конечните резултати од изборите да бидат објавени дури во декември. Се смета дека на многу места, вклучувајќи Луизијана, може да биде потребно да се одржи дополнителен круг на гласање.




