Published: Wednesday, November 5, 2014 11:17
Добитникот на Нобеловата награда за мир и поранешен претседател на Полска Лех Валенса смета дека рускиот претседател Владимир Путин со своите постапки му објавил војна на цел свет. Според него, Путин не ги почитува меѓународните принципи и територијалната независност.
– Состојбата на истокот во моментов е доста опасна. Кога се предаваше нуклеарното оружје, големите сили даваа гаранции за територијалната целовитост на Украина, а Путин тоа го оспори и го прекрши договорот, на светот му објави војна, изјави Валенса.
Според него Европа и светот сакаат да избегнат судир, но рускиот претседател користел свое оружје.
– Тоа е доста опасно и мораме да бидеме солидарни и исправно да одговориме, вели Валенса.




