Албанскиот премиер Еди Рама кој по повеќе децении ќе патува во официјална посета на Србија, цврсто верува во нов почеток за Балканот, но додава дека таквиот почеток бара цврсто лидерство и обединет пристап.
– Овие времиња изискуваат нов и обединет пристап за една иднина која би требало да биде подобра за сите наши народи, оставајќи зад себе се она од минатото што не спречуваше да тргнеме напред, туку и предизвика многу судири и донесе многу крворполевање. Тоа треба да го оставиме зад нас и заедно да испишеме нова историја за мир и регионална соработка, изјави Рама.
Коментирајќи ги односите во регионот, албанскиот премиер се осврна на неодамна одржаната Конференција посветена на Западниот Балкан во Берлин, а под покровителство на геманската влада, оценувајќи го овој собир како историски за Балканот.
Таа конференција, според Рама, во конректна смисла ја прикажала вољата и свеста на една можна држава како што е Германија и нејзината канцеларка Ангела Меркел, за потребата на Европа за Балкан.




