Каталонија ќе организира свој тест-референдум во текот на викендот, најави претседателот на регионалната влада на Каталонија, Артур Мас.
И покрај одлуката на шпанскиот Уставен суд да го блокира официјалниот референдум, според Мас, локалните власти одлучиле да продолжат со подготовките за гласањето.
Гласањето закажано за 9.неомври ќе го организираат волонтери, без официјален избирачки список, а ќе биде необврзувачки.
– Се е подготвено за 9.ноември, изјави каталоњскиот владин портпарол Франсеск Хомс.
Според најавите, Регионалната влада во Каталонија ќе ја тужи шпанската влада за загрозување на правото на граѓаните за слободно изразување, пренесува „Ројтерс“.
Според шпанските аналитичари, гласањето закажано за викендот, властите ќе го третираат како граѓанска непослушност.




