Меѓународната организација за човекови права „Амнести Интернешнл“ го обвини Израел за воени злосторства за време на војната во Појасот Газа vво летниот период.
Групата со седиште во Лондон, во извештајот објавен денеска наведува дека Израел покажал рамнодушност при нападите врз густо населените крајбрежни области.
– Израелските сили убија голем број палестински цивили во нападите врз куќите полни со семејства, а во некои случаи извршени се воени злосторства, се посочува во извештајот.
Според палестинските и податоците на Обединетите нации за време на војната загинале повеќе од 2.100 Палестинци, меѓу кои поголемиот број цивили, додека на израелска страна убиени се 66 војници и шест цивили.
Израелското Министерство за надворешни работи го отфли извештајот на АИ, истакнувајќи дека Организацијата „ги игнорирала воените злосторства на Хамас“.




