Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата донесе закон за грабеж на средната класа

0
By Нова ТВ on November 5, 2014 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 5, 2014 17:01

пишува: Влатко Огњановски

Плаќањето на придонеси на хонорарите е супер работа и одлична идеја. Додека работев хонорарно, со години се прашував зошто кај нас хонорарната работа не е регулирана како што тоа е во земјите кои ги земаме како пример. Но како што најчесто се случува, од добрите странски идеи се земаат само работите кои ѝ одговараат на власта и за сосема спротивна цел отколку што тоа е сегде на друго место. Секаде идејата е да се обезбеди социјална сигурност на вработените во тнр. прекарни професии, кај нас тоа е класичен грабеж за полнење на јавните фондови кои се испразнети за непродуктивни јавни трошоци и перење мозок на гласачкото тело.

Како изгледа кога, на пример ЕУ ангажира интелектуални услуги на хонорарна основа: од бруто хонорарот се одбива персонален данок по прогресивна стапка (што е дупло поголем од кај нас) кој си оди во буџетот. Потоа од остатокот се пресметува здравствено осигурување кое се уплаќа на приватна осигурителна компанија која е избрана на тендер – ама пази сега – замо за деновите за кои си ангажиран. Ако не дај боже ти се случи нешто во тие денови (те фати грло, дигнеш температура, те удри кола и сл.) осигурителната компанија ти ги враќа сите трошоци што си ги направил заради таа здравствена состојба.

Износот е помалку од 1% од бруто хонорарот. Потоа се одбива придонес за пензиско осигурување и тоа – 1/3 од износот се одбива од бруто хонорарот, а 2/3 ги доплаќа работодавецот од буџетот. Е сеа… овие пари се уплаќаат у приватен пензиски фонд и тие пари се на хонорарецот – точно се знае колку платил за време на работниот век и тие пари се негови. Ко ќе дојде време за пензија, ако сака може сите да си ги подигне у кеш.

Во Хрватска, на пример, од хонорарите исто така се одбиваат придонеси, не се уплаќаат во приватен пензиски фонд, но максимумот што можат да им го одбијат на хонорарците е 250 ЕУР. Персонален данок, нормално, се уплаќа на цел износ по прогесивна стапка. Со тие пари (макс. 250 ЕУР) на хонорарецот му тече стаж и има основно здравствено и пензиско осигурување како и сите што си плаќаат придонеси од целосно работно време. Ако сака поширок пакет на здравствени услуги, човекот ќе си уплати дополнително здравствено осигурување (се плаќа негде околу 10 ЕУР месечно).

Е ова се системи на здравствено и пензиско осигурување смислени за да се заштитат оние кои не се вработени со целосно работно време и кои се зметаат за ранлива категорија. Кај нас можат да го дрват колку сакаат, ама заштитата на хонорарците е само изговор. Ни З од заштитата нема во законот што ќе се применува од нова година. Можеле слободно да го крстат Закон за грабеж на средната класа. И тоа по принципот обратен од социјалниот принцип на Робин Худ – да земеш од богатите, да дадеш на сиромашните. Кај нас богатите си исплаќаат плата и до 90.000 ЕУР месечно, ама придонеси плаќаат само до 3.000 ЕУР, на све што е над тоа, плаќаат само персонален данок од смешна рамна стапка од 10%. Башка (види мудрост) оние што го донеле законот се изземени од плаќање.

Од една страна се удараат у груди дека имаме најниски даноци во Европа, кои уствари најмногу им одговараат на оние што најмногу заработуваат, од друга страна по џеб, на прикриен начин, ги удираат сите оние што со личен интелектуален или физички труд се обидуваат да заработат некој екстра денар за да можат да живеат пристојно. Ако имаа искрени намери, место тој глупав рамен данок, ќе воведеа како и секаде) прогресивен данок – колку повеќе заработувш од хонорари, толку повеќе и плаќаш на државата. А одбиените придонеси за пенсизко осигурување, ќе ги уплаќаа у фонд за приватно пензиско осигурување (тнр. трет столб). Мерката со која се фалат дека за парите уплатени у трет столб се намалува износот на данок на доход е само уште еден Ариел за мозак. Ако толку сакаат да промовираат приватно пензиско, еве им изванредна можност.

Која фарса е уствари ова!

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.