Published: Thursday, November 6, 2014 10:16
Поради незадоволство од намалувањето на вработените во училиштата и повисоките образовни институции, студентите, учениците и вработени во образованието денеска ќе излезат на протестен митинг во Атина.
Синдикатот на наставници апелираше за учество во протестот.
Вработените во Универзитетот во Атина соопштија дека се против политиката на скратувања во образованието и бараат враќање на работа на отпуштените работници.
Во соопштението на Универзитетот во Атина се вели дека потребна е заедничка борба како и тоа дека нема да се дозволи отпишувања на студенти и отпуштања на професори.




