Најмалку десет лица се уапсени, откако протестите во Лондон се претворија во насилство, пишува британски „Гардијан“.
Демонстранти од целиот свет се вклучија во акцијата под наслов „Марш на милиони маски“, организиран од активистичката група „Анонимус“, која привлече различни учесници вклучувајќи поддржувачи на антикапиталисткото, антивоеното и пропалестинското движења.
Настанот се одржува секоја година на 5 ноември во знак на протест против мерките на штедење, масовен надзор и напад на приватноста.
Еден од најмасовните протести беше во Лондон, каде што се собраа илјадници луѓе, со маска на Гај Фокс – симбол на револуцијата, кој го презеде и „Анонимус“.
Тие се собраа синоќа на плоштадот пред британскиот Парламент и го отворија патот до Бакингамската палата и други локации во главниот град.
По барањата за симнување на маските, настанаа судири во главниот град на Англија.




