Published: Thursday, November 6, 2014 11:39
Демонстрантите во Хонгконг се судрија со полицијата во подрачјето Монк Кок, а најмалку тројца се уапсени.
Во текот на синоќешните глобални протести, околу десетина луѓе и во Хонгконг протестирале под маската на Гај Фокс, кој е симбол на антивладините движења ширум светот.
Таму незадоволството се искажува низ улиците повеќе од еден месец, бидејќи Пекинг не ги прифаќа барањата за одржување на слободни и демократски избори во Хонгконг во 2017 година.
Најголемата маса на протестите, студентите денеска треба да ги соопштат планови за дијалог за Пекинг, но според аналитичарите многу малку е веројатно нивните барања за директно избирање на политички кандидати, да бидат прифатени.




