НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЦПЈ: Во 2022 година убиени 67 медиумски работници, 50 отсто повеќе од претходната година

0
By Ана Василевска on January 25, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бројот на убиени новинари минатата година е за 50 отсто поголем во споредба со 2021 година, а најголем број жртви се регистрирани во Хаити, Украина и Мексико, се наведува во најновиот извештај на Комитетот за заштита на новинарите (ЦПЈ).

Во 2022 година убиени се 67 медиумски работници, што е најсмртоносна за новинарите од 2018 година. Најмалку 41 од нив биле убиени додека поради нивната работа, додека се уште се истражуваат мотивите за другите 26.

Во Украина убиени се 15 медиумски работници, во Мексико 13, а на Хаити седум.

На Хаити, некои загинаа од улични банди, а најмалку двајца новинари беа застрелани од полицијата.

„Известувањето на Хаити во денешно време е исклучително тешко за новинарите, особено во главниот град. Корупцијата е насекаде, нема никој на кој можете да сметате“, изјави новинарот на Радио Караибес, Мекенсон Реми.

ЦПЈ наведува дека новинарите во Украина се соочуваат со огромен ризик. Медиумските работници често се повредени од гранатирање додека известуваат за конфликтот, а некои биле мета на руските сили.

Убиствата во Мексико се карактеризираат и водени од неказнивост, како убиството на фоторепортерот од Тихуана, Маргарито Мартинез, на 17 јануари 2022 година, а само пет дена подоцна следеше убиството на Лурд Малдонадо Лопез.

„Тие кои ги нарачаа убиствата никогаш не беа уапсени, испраќајќи ја пораката дека секој може да дојде наоколу и да ве убие за 1.000 долари“, се наведува во извештајот на ЦПЈ.

Во документот се наведува и убиството на истражувачкиот новинар од Лас Вегас, Џеф Герман, кој беше избоден до смрт пред својот дом на 2 септември, наводно од локалниот политичар кој го истражуваше Герман.

ЦПЈ ја нотири и смртта на палестинската новинарка Ширин Абу Аклех на Ал Џезира, која беше застрелана од израелски војник додека известуваше за напад на израелската војска во Џенин, Западниот Брег.

Истражувачко новинарство Комитет за заштита на новинарите Убиства на новинари
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.