Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Центарот за деца со посебни потреби во Струмица без основни услови за работа

0
By Томе Христов on November 7, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 7, 2014 15:30

После три месеци од отворањето Центарот работи во несоодветни услови. Во моментот просторијата наменета за децата, како и кујната се затоплуваат со клима уреди, а во дневниот престој нема кревети, велат волонтерите во Центарот.

Од таму велат оти им било кажано дека во Центарот децата нема да може во иднина да бидат згрижени до 16 часот, како што функционираат останатите центри низ државата. Во моментот истиот работи од 09 до 13 часот.

„Единствено ние овде во Центарот во Струмица сме волонтери, за разлика од останатите центри во државата. Немаме никакво решение за работа и сме со договор на дело до крајот на годината. После тоа не знаеме што ќе биде“, изјави за НОВА волонтер од Центарот.


Просторија во дневниот центар во Струмица

Во моментот престојуваат пет деца со посебни потреби. Наместо бројот на корисниците на услугите да се зголемува, како што беше најавено на отворањето од страна на директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Кирил Поп Трајков, дека во Центарот ќе можат да бидат згрижени 15 деца, нивниот број се намалува.

Денеска децата со аутизам не престојуваат поради, како што велат нивните родители, немањето на медицинско лице и превоз.

Поп Трајков на отворањето изјави и дека ќе биде вработено медицинско лице, како и дефектолог и логопед. До денес такви вработени се уште нема, а социјален работник, психолог и социолог доаѓаат по потреба.

Но и покрај фактичката состојба, во телефонски разговор рече дека Центарот функционира без проблеми.


Дневен центар за деца со посебни потреби во Радовиш

За разлика од Струмица, во дневниот Центар во Берово вработени се седум лица, додека во Радовиш престојуваат 12 деца за кои се грижи вработен дефектолог.

Од Центарот во Радовиш велат дека секојдневно децата имаат некакви активности и самите си подготвуваат јадење во кујната.

Родител на дете кој престојува во Центарот во Струмица, за НОВА вели дека повеќе нема да го пушта своето дете доколку и понатаму просторијата во која престојуваат децата се затоплува со клима уред.


Дневен центар за деца со посебни потреби во Радовиш

Инаку, родителите на децата со посебни потреби додаваат дека во струмичкиот регион е многу поголем бројот на деца кои имаат потреба да одат во дневен центар кој ќе работи од 09 до 16 часот, како и останатите низ државата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.