Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Промоција на монографијата „Кодот на Преспа“ од Борјан Јовановски

0
By Ана Василевска on January 30, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 30, 2023 08:35

Промоција на монографијата Кодот на Преспа, Приказна за „загубениот пат“ од авторот Борјан Јовановски, во издание на Хелсиншки комитет за човекови права, ќе се одржи денеска во Скопје.

Изданието ќе го претстават авторот Борјан Јовановски, историчарот Петар Тодоров и Вергим Шерифи. Во ракописот се поместени неколку интервјуа во кои се говори за побратимствата помеѓу поединци и семејства од различно етничко и религиско потекло што се негуваат со генерации во Преспа, а денес се препознаени како „специфичниот код на Преспа“.

„Новинарот Борјан Јовановски, чие што семејство потекнува од Преспа, ја препознал вредноста на побратимството како општествена институција во културното и историското живеење на областа, па направил неколку интервјуа со припадници на семејства побратимени со генерации, со цел да го истакне овој феномен како еден од носечките столбови на културата на воспитување на помладите генерации сопримери од минатото и начинот на живеење на Преспанци како основа за добар соживот и заемно почитување“, пишува во предговорот кон ова издание професорот Љупчо С. Ристески.

Монографијата е издадена во рамки на проектот „Соживотот не е мит – поуките од Долна Преспа“ кој го спроведува Хелсиншкиот комитет за човекови права и е дел од проектот „РЕКОМ мрежа на помирување“, финансиран од Европската Унија.

Проектот се занимава со помалку познатите колективни мемории и актуелни односи на различните етнички и верски заедници во Северна Македонија.

„Наспроти општоприфатените опсервации за меѓуетничките односи во Македонија како потецијални генератори на нестабилност, овој проект имаше за цел да ги приопшти позитивните примери и модели на соживот во Северна Македонија, како што е случајот во регионот на Долна Преспа, кои би требало да послужат како пример и инспирација за денешните генерации за креирање на социјални механизми кои ќе овозможат култруниот и верски диверизтет да бидат прифатени како шанса за градење на динамична и културолошки богата општествена средина“, се наведува за проектот.

Монографијата ќе биде достапна на македонски и албански јазик.

Борјан Јовановски книга Кодот на Преспа Хелсиншки комитет за човекови права
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.