Авионот, кој бил на тренажен лет, се урнал на 25 наутички милји (46 километри) јужно од воздухопловната база Андравида на полуостровот Пелопонез.
Грчките медиуми јавуваат дека двајцата пилоти се катапултирале од леталото, но властите не можеа да ја потврдат таа информација. Грција борбените авиони од американско производство Ф-4 „фантом“ првпат ги набавија во 1974 година.
Како што е познато грчкото воено возухопловство ја извршува патролната мисија на НАТО на небото над Македонија, придобивка што нашата држава ја стекна со членството во Алијансата.