Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Извонредна илустрација на Кардула во чест на борецот против национализмот Матвејевиќ

0
By Ана Василевска on February 2, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 2, 2023 10:29
Во чест на одбележување на датумот од смртта на еден од најголемите мислители на денешнината Предраг Матвејевиќ, уметникот Зоран Кардула изработи извонредна илустрација.

„Во спомен на Predrag Matvejević /7.10.1932 – 2.2.2017/ генијалец на пишаниот збор, човек кој цел живот го посвети во борба против национализмот.Посебно драго ми е дека во негова чест имав две изложби во Рим организирани од Lipa.“, нашиша Кардула на својот фејсбук профил.

Предраг Матвејевиќ е роден во Мостар на 7 октомври 1932 година. Неговиот татко Вселовод Матвеевиќ е роден во Одеса, а по враќањето од воено заробеништво во Германија во 1945 година бил судија во Мостар. Мајка му Ангелина (родена Павиќ) била Хрватка од Босна и Херцеговина, а нејзиното семејство имало битно влијание врз раното воспитување на Матвеевиќ во католичка средина.

Во родниот град Матвејевиќ завршил основно и средно училиште, а студиите по романистика кои ги почнал во Сараево ги завршил во Загреб. Докторирал на компаративна книжевност и естетика во 1967 на Сорбона, а на истиот славен француски универзитет во 1994 година одбранил и хабилитација за редовен професор.

Предавал француска книжевност од 1959 до 1991 на Филозофскиот факултет во Загреб. Од Загреб во 1991 година се преселил најпрво во Франција каде до 1994 година предавал на Отсекот за општа и компаративна книжевност на Сорбона. Од 1994 бил редовен професор по славистика на познатиот римски универзитет Ла Сапиенца.

Бил професор-гостин на разни универзитети: Универзитетот во Њујорк, École des langues orientales (1991), Collège de France (1994), Université Catholique de Louvain (2000).

Универзитетот во Перпињан, по повод 600-годишнината од своето постоење, му доделил на Матвејевиќ докторат honoris causa. Почесни докторати исто така добил на универзитетите во Трст (2001), Џенова (2004) и родниот Мостар (2006).

Матвејевиќ е еден од најпреведуваните хрватски автори во светот и ангажиран интелектуалец.

Освен што имаше исклучителна академска кариера, Предраг Матвејевиќ беше и истакнат книжевник. Едно од неговите најпознати дела, „Медитерански бревијар“, е преведено на 23 јазици, а само во Италија е продадено во повеќе од 300 илјади примероци. Неговата книга „Друга Венеција“ е преведена на десетина јазици, а публицистичката книга „Југословенството денес“ ја објави Белградски БИГЗ во 1984 година како џебно издание во 30 илјади примероци.

Шеесетина угледни италијански уметници потпишаа иницијативата да му се додели на Матвејевиќ Нобеловата награда за книжевност токму за „Медитерански бревијар“. Меѓу зачетниците на идејата беа и Умберто Еко и Клаудио Магрис.

Тој беше почесен доживотен потпретседател на Меѓународниот ПЕН клуб во Лондон, претседател на Научното собрание на Медитеранската лабораторија во Неапол.

Заедно со Милорад Пуповац и Жарко Пуховски, а со поддршка на генералот Коча Поповиќ, Матвејевиќ беше и меѓу основачите на Здружението за југословенска демократска иницијатива (UJDI), прва независна политичка асоцијација во тогашна Југославија, која имаше официјален слоган „Југославија или војна!“.

На парламентарните избори во Хрватска во 1992 беше кандидат за пратеник во Хрватското собрание на партиската листа на Социјал-демократската унија, а во 1999, како италијански државјанин, беше кандидат на италијанските комунисти на изборите за парламентот на ЕУ.

Носител е на бројни одликувања кои му ги доделиле претседателите на Републиката во Франција (Легија на честа), Хрватска, Словенија и Италија.

Објавил бројни книги, меѓу кои „Сартр“ (1962), „Разговори со Крлежа“ (1969), „Книжевноста и нејзината општествена функција“ (1977), „Тие ветерници“ (1977), „Југословенството денес“ (1982) „Медитерански бревијар“ (1987), „Источен епистолар“ (1995), „Господари на војната и мирот“ (2000), „Друга Венеција“ (2004), „Лебот наш“ (2009) и други.

Напишал и повеќе книги и есеи на француски и италијански јазик.

Во низата награди кои ги доби се и Годишната награда Владимир Назор, Малапарте, Бокачо, Силоне, Маринита, Награда Егзодус, Медитеран на мирот и други.

Зоран Кардула Илустрација Предраг Матијевиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.