Соединетите Американски Држави ќе испратат во Ирак околу 1.500 војници како би ја обучувале тамошната војска во борбата против Исламската држава, соопшти Белата куќа.
Новиот бран американски воени сили ќе им се придружат на веќе стотината нивни колеги кои се во Ирак. Според известувањата од Белата куќа нивната задача ќе биде да припремаат девет ирачки и три курдски бригади во борбата против џихадистите.
Ќе бидат отворени два оперативни центри во Багдад и Ирбила.
Од друга страна, американскиот претседател Барак Обама ќе побара 5.6 милиони американски долари за поддршка на борбите против ИД.
– Меѓународната коалиција која се бори против Исламската држава е се поголема. Данска одобри испраќање на 120 воени експерти, а очекуваме помош од владата на Ирак и останатите членови на коалицијата без разлика дали се работи за луѓе или парична помош, изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби.




