НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски: Дали на своите маршеви опозицијата добива ВИП-третман? Да не се шират шпекулации

0
By Jane Gjorgioski on February 2, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Се направи дополнително подгревање на атмосферата од страна на радикали во Македонија и Бугарија, оцени министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во гостувањето во Сител телевизија, прашан за чествувањето на денот на раѓањето на Гоце Делчев.

-Ваквите настани се плодна почва за нив, за да дојдат до израз нивните ставови. Тие се најгласни, но не значи дека се мнозинство. Мнозинството посакува достоинствена прослава, истакна Спасовски.

Тој кажа дека ако сакаме да сме на висината на задачата, полицијата мора да воспостави ред особено кога се крева тензијата. Тоа не е случај само за овој настан.

-Има државен протокол, секој што најавува делегација тоа секако дека ќе биде овозможено. Секој кој се пријавил дека ќе положи цвеќе, тоа ќе му биде овозможено, рече министерот.

Во однос на обвинувањата од опозицијата дека бугарските државјани ќе имаат „ВИП-третман“, Спасовски одговори:

-ВИП третмани не може да има за никого, ако опозицијата се движи како марш од нивната зграда до местото, како што имаме информации, ние тоа ќе го обезбедуваме. Дали тоа значи дека опозицијата добива ВИП третман?, праша Спасовски.

Според него, шпекулациите за дневно-политички цели не се во насока на намалување на тензии.

-Сите да се одговорни, особено партиите и политичарите, бидејќи тие најмногу ги креваат тензиите.. Некакви најави за ноќни стражи, за чување на црквата, на споменикот, нема потреба од такви активности. Опозицијата изнесува ставови во кои не веруваат. Нема политичка партија или било кој што ќе биде посилен од државата и тоа да им е јасно на сите. Не треба некој да се наведе на кривично дело, па потоа да се остават тие самите да се справуваат со законот, а ова е особен повик до екстремните групи, истакна министерот.

Тој кажа дека полицијата разговара со членови на навивачки групи, групи коишто се радикални и кои најавиле дека ќе го нарушат јавниот ред и мир.

Оливер Спасовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.