Еден украински војник загинал а вкупно 15 се ранети при денешните судири помеѓу украинските и проруските сили во источниот дел на Украина, соопшти украинската војска.
Војникот е убиен од страна на снајперист во близина на аеродромот во Доњецк, каде што украинските биле заобиколени од про-руски сили.
РИА Новости наведува дека најостри се борбите во регионот на Луганск. Во борбите настрадале и цивили а засега нема детални информации колкав е бројот на цивилно население кое настрадало.
Оклопни возила и камиони со воена опрема без ознака се забележани утринава упатувајќи се кон деловите кои се под контрола на проруските сили, пренесува агенцијата АП.
Неодамна украински претставници соопштија дека оваа недела проруските бунтовници добиле воена помош директно од Русија, што беше негирано од Кремлин.
Во средината на април, украинската војска покрена офанзива во деловите кои ги контролираат проруските сили, но и покрај договорот од 5 септември, и понатаму се водат борби за источниот дел на Украина.




