Јужноафриканскиот параолимписки шампион Оскар Писторис кој се соочува со обвинение за убиство на неговата девојка ја помина првата ноќ надвор од притворот.
На вчерашното судско сослушување, судијата пресуди дека не постои случај дека тој ќе побегне или дека има насилен карактер.
26- годишниот Писториус го негира убиството, велејќи дека тој пукал во Рива Стенкамп, 29, мислејќи дека е натрапник во неговиотдом.
Следното рочиште е закажано за 4 јуни.
Г-дин Писториус помина осум ноќи во полициска ќелија во Преторија, по неговото апсење на 14 февруари. По вчерашната пресуда да му се додели кауција, тој го напушти судот со сребрен автомобил следен од фотографите.
Тој во моментов престојува кај својот чичко во Преторија. Според новинарите, тој би можело повторно да почне да тренира во согласност со договорот со неговиот тренер.