Драгослав Космајац или „балканскиот Ал Капоне“ за кој српскиот премиер Александар Вучиќ рече дека е најголемиот нарко-дилер во регионот, денеска е уапсен од српската полиција.
Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефеновиќ, на вонредна прес-конференција, соопшти дека Космајац бил уапсен во неговиот дом во Блеград. Во акцијата освен Космајац уапсени се уште седум лица.
Осомнични се за пет кривични дела, помеѓу кои „поттикнување на извршување кривично дело“, и „даночно затајување“.
– Работиме со она што го имаме сега, но можно е подоцна да дојдеме и до други кривични дела, изјави Стефановиќ.
Акцијата во која се уапсени Космајац и седуммината негови соработници, сите српски државјани, е спроведена по четири месеци истрага.
Четворицата од соработниците на Космајац биле уапсени во Сремска Митровица, а тројца во Белград.
– Нема недопирливи. Не се плашиме од никого. Ова држава ќе се пресмета со сите кои го кршат законот, потенцира Стефаноивиќ.




