Водачот на џихадистите од Исламската држава Абу Бакр ал-Багдади е тешко ранет при напад што американски воени авиони го извршиле на локацијата каде што одржувале состанок силите на ИСИС.
– Аби Бакр ал Багдади е тешко ранет и се бори за живот, во саботниот напад, во кој исфрлените бомби го погодиле градот ал-Ќаим, на границата со Сирија. Во нападот има и многу убиени и повредени и во маркет врз кој паднале бомби, – пренесува приштинскиот весник „Експрес“.
Управата на болницата во ал-Ќаим потврдила дека примиле многу повредени меѓу нив и ал-Багдади.
Багдади, или Калиф Ибраим е првиот калиф на сите Муслимани по падот на Османлиската империја.
Сепак САД се уште ја нема потврдено информацијата дека меѓу убиените и ранетите имало џихадистички водачи.




