Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Земјотреси меѓу Турција и Сирија: Зошто предизвикаа толку разурнувања?

0
By Ана Василевска on February 10, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 10, 2023 10:09

Турција и Сирија се опоравуваат од најтешките земјотреси што го погодија регионот по речиси еден век, и ова се смета за седмата најголема катастрофа во овој век.  Почетниот земјотрес со јачина од 7,8 степени во југоисточна Турција и северна Сирија беше проследен со уште еден потрес од 7,7 степени.

Регионот се провлекува низ голем број раседни линии, што значи дека потресите се доста вообичаени, но колку често се случуваат земјотреси со оваа јачина?

Според Саскија Гоес, професор по геофизика на Империал колеџ во Лондон, во овој регион катастрофи од овие размери се случуваат еднаш на секои сто или неколку стотици години.

„Земјотресот е еден од најголемите што сме ги снимиле со инструменти откако почнавме да ги мериме“, изјави Гоес за Еуроњус.

Последниот земјотрес со јачина од 7,8 степени во Турција се случи во 1939 година, при што загинаа околу 30.000 луѓе. Неодамна, повеќе од 17.000 луѓе загинаа во земјотрес со јачина од 7,4 степени во близина на Измит, кој се наоѓа на над 1.000 километри северно од најновиот епицентар.

„Земјотресите се почести во северниот дел на Турција, по должината на северниот дел на Анадолија отколку онаму каде што се случи овој земјотрес, каде што може да се случуваат приближно на секои 500 години.“, рече Гос.

Таа додаде дека поради овој долг временски период помеѓу земјотресите, тешко е да се предвиди кога ќе биде следниот.

Времињата за повторување се толку долги што немаме добра евиденција за тоа колку често се случуваат, и како стресот би бил прераспределен“.

Зошто беа уништени толку многу згради?

Набргу по земјотресите, турскиот претседател Реџеп Таијп Ердоган рече дека илјадници објекти се урнале. И најмалку уште 133 згради беа урнати во северна Сирија, според Сириската цивилна одбрана – нашироко позната како Бели шлемови – спасувачка служба.

Според Шон Вилкинсон, професор по градежно инженерство на Универзитетот Њукасл во Обединетото Кралство, бидејќи некои од зградите биле стари повеќе од 50 години, тие го надминале својот век.

„Не е невообичаено лошо изградените згради да се уриваат на ова ниво на тресење ова е типично за земјите кои се во одредени фази на развој“, изјави Вилкинсон.

Проба и грешка

Некои земји, како Нов Зеланд, Јапонија и Соединетите Американски Држави, почнаа да градат згради користејќи систем за базна изолација. Процесот е сличен на „поставување на вашата зграда на ролери“, така што основата се тресе за време на земјотрес, додека остатокот во голема мера останува на своето место.

Но, иако овој процес се смета за „златен стандард“ во подготовката за земјотреси, тој е исто така „модерен“ и „скап“, рече Вилкинсон.

Неговото истражување покажува дека обновувањето на зградите за да преживеат потреси би било поевтин пристап. Но, ова е „исто така доста тешко, а резултатите се неизвесни“.

Тој додаде дека процесот исто така може да биде бавен и скап, така што постои чин на „балансирање“ што треба да го следат владите за да утврдат дали се исплатуваат ажурирањата.

Извор Еуроњус

Подготви А.В

Земјотрес Турција и Сирија Последици и разурнувања Сеизмолози
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.