Во фокусот на случувањата во регионов денеска е посетата на албанскиот премиер Еди Рама во Белград. Премиерите на Србија и Албанија ќе се сретнат за првпат по речиси 70 години.Посетата на албанскиот премиер во Белград, се оценува како историска, прва по пауза од 68 години.
>> Дачиќ: Многу поважно е какви пораки ќе упати Рама од самата посета на Белград
Најпрвин е планирана 20-минутна лична средба на двајцата премиери, а потоа состанок и на двете делегации. Вучиќ и Рама ќе одржат и заедничка пресконференција.
И додека во Прешево на Рама му се подготвува пречек со највисоки почести, на Косово утрово осамнале билборди за поддршка на Вучиќ.
>> Еди Рама верува во „нов почеток за Балканот“
„Добредојде премиеру Вучиќ“ и „Ние имаме само еден премиер – Вучиќ“ стои на билбордите за кои не се знае кој ги нарачал, а кои се поставени во сите општини со српско население во Косово.
Оваа средба доаѓа по инциденот на фудбалскиот терен во Белград кога беше прекинат натпреварот помеѓу Србија и Албанија, а вината за ескалацијата на ситуацијата и двете влади ја префрлуваа едни на други.
Српскиот претседател Томислав Николиќ изјави дека Албанците генерално се „србомрзци“. Албанскиот премиер Рама одговори дека Србите уште еднаш се покажале како ноторни националисти и расисти.
>> „Инцидентот на мечот Србија-Албанија е осмислена политичка провокација“




