Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Американска конгресменка нападната во лифт, се одбранила истурајќи врело кафе врз напаѓачот

0
By Соња Крамарска on February 10, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
Конгресменката Енџи Крег
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 10, 2023 12:11

Вчер е уапсен мажот осомничен за напад на конгресменка во лифтот на нејзината станбена зграда во Вашингтон, соопшти полицијата. Енџи Крег, демократка од Минесота, возврати со фрлање топло кафе кон напаѓачот, се вели во полицискиот извештај.

Кендрик Хамлин е обвинет дека ја удрил и ја фатил за врат.

Според истрагата, случајот не е политички мотивиран.

Избрана во Конгресот во 2018 година, Крег (50) е мајка на четири деца и служи како копретседател на Конгресната група за еднаквост.

Таа била нападната вчера околу 07:10 часот по локално време, соопшти полицијата. Нејзиниот шеф на кабинет Ник Коу во изјавата рече дека таа „се одбранила од напаѓачот и се здобила со модринки, но инаку е физички во ред“.

Таа повикала брза помош 911 и „напаѓачот побегнал од местото на настанот“.

Крег се заблагодарила на полицискиот оддел за Метрополитен ДЦ „за нивниот брз одговор и бара приватност во овој момент“.

Според извештајот на полицискиот оддел Метрополитен, Крег им кажала на инспекторите дека кога се качила на лифтот, лицето ја следело внатре и „одеднаш почнало да ја турка“ откако таа му рекла ‘добро утро“. Притоа човекот ја удрил конгресменката Крег по брадата и ја фатил за вратот.

Таа се бранела фрлајќи врело кафе кон напаѓачот.

Полицијата претходно објави фотографија од осомничениот и побара од јавноста помош за негово идентификување.

Водачот на Демократската партија на Претставничкиот дом, Хаким Џефрис, рече дека пратеничката група е „ужасната“ од нападот.

Минатата година Конгресот одобри финансирање за зајакнување на безбедноста на пратениците, кои добиваат илјадници закани секоја година.

конгресменка САД напад во лифт
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 7, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

ВЕСТИ July 7, 2026

Францускиот Апелациски суд ја потврди пресудата со која Марин Ле Пен е прогласена за виновна…

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.