Published: Monday, November 10, 2014 12:36
Почина 38-годишната Лидија Петрова, фоторепортерката која се самозапали пред бугарското претседателство минатата недела.
Жената подлегнала на повредите во болница во текот на изминатата ноќ.
Во понеделникот минатата недела Лидија Петрова беше примена во болница со тешки изгореници од 90 отсто од телото.
Чинот на самозапалување е резултат на крајна очај изјави директорот на државната психијатриска болница “Св. Иван Рилски” д-р Цветослава Галабов веднаш по инцидентот.
„Човек може да ја избере оваа исклучително болна разделба со животот, ако не гледа никаква смисла да продолжи напред“, објасни таа.
>> Седум лица се самозапалија во Бугарија во изминатите 2 години




