НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски по излегувањето на ДС од власта: Се надевам дека Трајанов нема да стане заложник на Апасиев

0
By Соња Крамарска on February 14, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Одлуката што ја донесе Демократски сојуз не претставува никакво нарушување на силината и на стабилноста на владиното мнозинство, оцени премиерот Димитар Ковачевски. Тој посочи пример – дека вчера биле изгласани многу важни закони, како што се оние поврзани со „Отворен Балкан“, за слободно движење на луѓето, но и Договорот за Фронтекс, со којшто за првпат македонскиот јазик стана дел од официјалните јазици на ЕУ.

„Она што го ветивме тоа и го остаривме и тоа го ратификуваше Собранието. Она што можам да кажам е дека ме радува што Демократски сојуз кажа дека останува на европскиот пат и на поддршка на такви одлуки што не можеше да се потврди до сега во пракса, освен декларативно бидејќи видовме дека и вчера не го гласаше пратеникот на Демократски сојуз договорот Фронтекс, за жал, меѓутоа ќе има можност во иднина своите декларации да ги покаже и во пракса“, рече Ковачевски.
Премиерот не бил изненаден од ваквиот развој на настаните, бидејќи како што нагласи, Трајанов во петокот во заеднички разговор му го најавил напуштањето на владината коалиција.
„Очекувам дека нивните функционери веќе во текот на денешниот ден ќе ги поднесат своите оставки, тука пред се мислам на заменик министерот за локална самоуправа. Се надевам дека како искусен политичар господинот Трајанов нема да се доведе во ситуација како Мицкоски да стана заложник на Апасиев и нормално дека ние како Влада, како коалициска Влада и како парламентарно мнозинство остануваме отворени за сите политички партии, за сите поединци и за
сите организации кои што се за продолжување на европскиот пат на државата и за полноправно зачленување во ЕУ“, рече Ковачевски.

Тој додаде дека владиното мнозинство е силно и стабилно, а реконструкцијата на Владата ќе помине со над 64 гласови.
„Јас и вчера кажав дека реконструкцијата која ја поднесов не беше водена од персонални и кадровски побуди туку од тоа државата да има стабилно мнозинство кое ќе може да ги носи економските закони, кое ќе може да носи правосудни закони односно реформи во сите значајни области во државата и притоа да не биде блокирано од опозицијата со оглед на тоа дека тоа е единствено нешто што опозицијата го прави во изминатите 2 години. Сметам дека сите владини
партнери се за такво ефикасно работење на собранието и дека внесувањето на Алијанса која има 8 пратеници ќе го зацврсти мнозинство и дека ќе можат многу поефикасно да се носат законите кои значат реформи и унапредување на државата но и животниот стандард на граѓаните во сите области“, рече Ковачевски.

Димитар Ковачевски Павле Трајанов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.