НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трет ден собраниска расправа за владината реконструкција – обвинувања, реплики и контрареплики

0
By Соња Крамарска on February 15, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Меѓусебни обвинувања, реплики и контрареплики, го одбележаа денешното претпладневно второ продолжение на 104. собраниска седница. Пратениците повторно ги спротивставија ставовите околу владината коалиција и реконструкција.

Според ВМРО-ДПМНЕ, новото парламентарно мнозинство нема да биде стабилно, а целта на реконструкцијата е само да се продолжи рокот на Владата уште 10 месеци. СДСМ, пак, порача дека новото и поголемо парламентарно мнозинство ќе овозможи посигурни услови за реформи и економски политики, а ВМРО-ДПМНЕ само блокира, опструира, шири лаги и манипулации зашто ниту едно нејзино црно сценарио не успеа – има струја и нафта, има топлинска енергија за скопјани, двете стратешки одредници се случуваат сега, во времето на оваа власт, потпишан е ФРОНТЕКС,… Со ВМРО-ДПМНЕ, оценија пратениците од владејачката партија, државата не може да оди напред, а тоа го гледаат и граѓаните и меѓународната заедница.

Во текот на расправата ставовите на народните избраници се судрија и околу Алијанса за Албанците (АА). АА реши да биде „лепак“ на бродот што тоне и го промени својот став за многу кратко време, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ. Од СДСМ  возвратија дека оваа Влада е политичка, дека политички договори се правеле и ќе се прават и тоа се нормални процеси. За збор се јавија и тројца пратеници од АА кои потенцираа дека нивната партија останува на критичките ставови кои ги изнесуваше претходно, а причината за влез во Владата е единствениот приоритет – изгласување на уставните измени и продолжување на земјата по европскиот пат.

„Како Алијанса за Албанците ќе излезе пред гласачите за да им објасни дека Ахмети и Груби не се криминалци како што ги нарекуваа и дека заедно ќе се борат за искоренување на корупцијата? Образложението дека со влезот на АА во Владата ќе се забрза европскиот пат не држи, затоа што ако АА ги почитуваше европските вредности и принципи, можеше да го одржи зборот пред граѓаните и да ја поддржи Владата во евроинтеграциските процеси без да преговара со неа за министерски функции, рече Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Снежана Калевска Ванчева од СДСМ изрази жалење што од говорницата се слуша реторика на, како што рече, поделби, деградации, омаловажување и омраза.

„Тука сме да работиме заедно, во интерес на народот. Дали ваква реторика ќе имавте ако Алијанса останеше со вас во опозија? Сигурно не. Ова е политичка влада, политички договори се правеле и ќе се прават. Ова се нормални процеси, особено во вакви времиња“, рече Калевска Ванчева.

Фадил Зендели од БЕСА рече дека АА употребуваше арсенал навреди против Владата, за потоа да го смени мислењето и да стане дел од неа.

„Вашето влегуваше во Владата е обична фарса“, рече Зендели.

На тоа реплицираше Аднан Незири од Алијанса за Албанците, укажувајќи на потребата од уставни измени.

„Партиите некогаш треба да ја жртвуваат политичката кариера за добро на граѓаните. Годинава треба да биде одлучувачка, а не да биде година на избори. Потребни се измени на Уставот, тоа е единствена можност за нашиот пат кон ЕУ кој граѓаните долго време го очекуваат. Ако ова не се реализира, тие ќе бидат уште поразочарани. И Преспанскиот договор го направивме поради граѓаните и европската ориентација, за тоа станавме и членка на НАТО. Определени сме да ја ризикуваме личната политичка кариера со единствеа причина – да не се пролонгира чекањето со декади. Со уставните измени не се става во опасност ниту македонскиот народ, ниту македонскиот јазик. Ништо не губиме околу националните прашања. Ова е одлучувачки момент кој е неопходен“, рече Незири.

За контрареплика се јави Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ. Таа му порача на колегата Незири да ја прочита Преамбулата на Уставот.

„Не може вие да ме убедувате дека нема штета ако Бугарите влезат во Уставот. Бидете внимателни кога ќе ни препорачувате нам Македонците што треба да правиме, а што не. Знаеме ние што треба да правиме, а вие како добри наши сограѓани треба само да не поддржите“, рече Ласовска.

Претходно, и Елми Незири од АА објасни зошто неговата партија одлучила да стане дел од Владата. Рече и дека и дале шанса на ВМРО-ДПМНЕ да се реформира, но таа по локалните избори се вратила на старите патеки.

„Заземавме политички став, одговорен, да и дадеме шанса на ВМРО-ДПМНЕ да се реформира, да се врати во реалноста. Соработувавме на локалните избори. Штом изборите завршија, ВМРО-ДПМНЕ се врати на старите патеки, кон Орбан, Додик. Жал ми е што на некој начин го губи контактот со реалноста. Ќе продолжиме со нашите ставови во Владата, но политиката се дефинира и како избор на приоритети, а приоритет над сите приоритети сега е да го фатиме чекорот што го чекаме 30 години“, рече Незири.

И неговиот сопартиец Халил Снопче потврди дека АА стои зад сите критики што ги изрекла кон Владата.

„Алијанса за Албанците стои зад сите изјави што ги кажа против ДУИ, СДСМ и Владата. Не се пишманивме, ниту имаме намера да се пишманиме околу изјавите и критиките“, му рече Снопче на Зендели.

Извор: МИА

 

реконструкција на Владата Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025
ФОКУС

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

ВЕСТИ August 12, 2025

Преговорите меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател, Владимир Путин, можат да бидат…

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.