Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Парламентарното мнозинство е поголемо од тоа што беше досега

0
By Соња Крамарска on February 16, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Од денешната посета на Ковачевски на Волково
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 16, 2023 13:49

Колку ќе трае дебатата во Собранието за реконструкција на владиниот кабинет зависи од бројот на пријавени за дискусија што е демократско право на секој пратеник. Владејачкото мнозинство се зголемува, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

„Во Собранието има мнозинство поголемо од тоа што беше до сега. Не се развлекува дискусија, од моја страна. Јас го поднесов предлогот во петокот, сега сме веќе следниот петок. Колку ќе трае дискусијата зависи од бројот на дискутанти. По тоа што го видов од страна на пратениците на опозицијата има голема заинтересираност, тие сите се пријавени за дискусија. Тоа е демократско право, секој има право на остварување на своето демократско право.Така што ако 40 пратеници се пријават за секое разрешување и за секое именување, и ако тоа го помножите по десет, па го добиете вкупниот број и тоа го поделите со 24 во еден ден ќе може да израчунате колку дена, 24 часа на ден да се работи, би траела дискусијата“, вели Ковачевски на новинарско прашање по отворањето на градинка во Волково, во Скопје.

Во Собранието веќе четврти ден се расправа за разрешување на тројцата министри од Алтернатива. Со реконструкцијата на Владата, во владината коалиција влегува партијата Алијанса за Албанците.

Премиерот потврди дека вчера имале средба со пратеникот Скендер Реџепи – Зејд, кој од мината година ја напушти Алтернатива и делува како независен пратеник. На средбата, како што рече, разговарале за одреден број судски случаи за кои имало јавна дискусија во однос на начинот на кој тие се воделе, но не и во однос на наводна меѓународна ревизија на одредени предмети.

„Јас во ниту еден случај не сум се мешал во одлуките на правосудството, ниту пак тоа ќе го правам, ниту пак ќе бидат консултирани правосудни странски органи. Единствено нешто што може да се направи е до Европската делегација да се испрати писмо за одредени случаи дали тие би имале начин да направат одреден молниторинг врз тоа како тие случаи се водени. Доколку има таква можност тогаш тие можат тоа да го направат во рамки на директивите на ЕУ. Доколку не, ќе одговорат. Сепак, писмото единствено има намера да докаже пред сите дека ние имаме правосудни органи кои што функционираат независно. Тоа се потврдува и денес со пресудата на Европскиот суд за човековите права“, порача Ковачевски.

Димитар Ковачевски парламентарно мнозинство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.