НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За година и пол ДИЖС изрече санкции од близу 1 милион евра

0
By Ана Василевска on February 17, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Сретен Стојковски, директор на ДИЖС
Сретен Стојковски, директор на ДИЖС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со реализирани 1 043 инспекциски надзори, 173 повеќе од предвидените, од кои 677 редовни, 164 вонредни и 202 контролни надзори, изготвени 21 решение и 29 прекршочни санкции, Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) во вторите шест месеци од 2022 година од прекршочни санкции изречени над правни и физички лица во државниот Буџет има обезбедено прилив од над 300 000 евра.

Како што информираше на денешната прес-конференција за презентација на шестмесечниот извештај директорот на Инспекторатот, Сретен Стојковски, од кога е тој прв човек на ДИЖС од пред 18 месеци, изречени се или иницирани прекршочни санкции над правни и физички лица за износ од околу еден милион евра.

„Во тек се постапки за спогодување за ненаплатен надоместок за користење на води и одведување на отпадни води со јавните водостопански претпријатија за периодот од 2011 до денес во износ од 40.000.000 денари пред Комисијата за спогодување при МЖСПП и Судот за ЈП Куманово и ЈП Прилеп, како и постапки за спогодување со Цементарница Скопје, Пејпер Мил – Кочани и инспекциски надзор во Б-инсталација САНС- АГ Штип во местото Пенуш на КП1081 со култура Пасиште“, информираше Стојковски.

Како дел од активностите реализирани во текот на второто полугодие од 2022 година, тој ги издвои учеството на ДИЖС на годишниот состанок во седиштето на Европол во Хаг, за утврдување на Годишниот план за оперативни активности за 2023 од областа Криминал во животната средина, учество на тематска работилница за криминал во животната средина и културно наследство во Тренинг Центарот на Полицијата во Идризово, во организација на МВР и италијанските Карабињери, оперативните активности со МВР и државни инспекторати во делот управување со отпад со над 100 вонредни инспекциски надзори и две работилници за презентација на новиот Закон за инспекциски надзор во животната средина и обврските кои произлегуваат од истиот со Југозападниот и Пелагониски регион и Вардарскиот и Југоисточниот регион со присуство на претставници на ДИЖС и МЖСПП, а во соработка со ЗЕЛС.

ДИЖС живота средина Загадувачи санкции
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.