НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бислимоски: Од 1 јули може да се врати дневната евтина струја 

0
By Соња Крамарска on February 20, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) самата го носи тарифниот систем и сега се прават анализи дали е возможно од економска гледна точка да се врати евтината струја во текот на денот. Сега треба да видиме колкаво ќе биде домашното производство на струја, а според најавите на ЕСМ ќе биде зголемена за барем 10 отсто. Го анализираме и фактот што имаме голем број изградени фотоволтаици кои се главно изградени на големите компании. И третиот момент е што цената на електрична енергија кога произведуваат фотоволтаиците е поевтина отколку во останатиот дел од денот. Тој тренд во лето ќе продолжи па и тој елемент го анализираме, рече Марко Бислимоски, претседателот на РКЕ во емисијата Студио 10 на ТВ 24.

„Сега во периодот кога беше најскапа електричната енергија поради фотоволтаиците имаме најевтина струја. Оттука, можно е ако покажат така пресметките да се врати дневната евтина струја. Од тоа најголема придобивка ќе имаат пензионерите кои се дома и кои многу внимаваат на тоа како се троши струјата а освен тоа најредовно ги плаќаа сметките во време на ковид-пандемијата и ја одржуваа ликвидноста на ЕСМ“, вели Бислимоски.

Според Бислимоски, таква евентуална промена би се случила на 1 јули кога вообичаено се прават промени на цените на енергетските услуги. Евтината струја го чинеше ЕСМ 16 милиони евра годишно, вели Бислимоски.

„Ова што се случува со обемноста на изградбата на фотоволтаици не се случува само во Македонија туку и во целиот регион. Освен тоа, компаниите инвестираа во енергетски ефикасни начини на производство. Оттука, може да се случи во летен период да имаме цени на струјата блиски до нула па дури и во минус“, вели Бислимоски.

Тој вели дека сега треба инвеститорите да инвестираат во батерии со цел да имаат производ што ќе трае подолго. Ако производителите на струја од фотоволтаици имаат резерви струја по 19 часот, тоа ќе биде корисно и за компаниите и за граѓаните. Батериите се преоден период кон водород кој ќе биде најеколошко и најевтино гориво кое ќе го заменува природниот гас. Европа повеќе нема да се враќа на термоелектраните“, коментира Бислимоски.

 

евтина тарифа Марко Бислимоски цена на струја
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.