Published: Tuesday, November 11, 2014 11:36
Премиерот на Албанија Еди Рама за време на вториот ден од посетата на Србија ќе престојува во општините Прешево, Бујановац и Медвеѓа.
Неколку часа пред почетокот на најавениот собир во Прешево можат да се забележат засилени мерки на обезбедување. Полиција има насекаде, а на патот од Ниш до Прешево има патроли на секој паркинг, излез и надвозник.
Поставени се билборди со порака „Добредојде, Премиеру“ и фотографија на албанскиот премиер Еди Рама за неговото пристигнување во Прешево. Билбордите ги поставила општина Прешево.
На една од куќите во центарот на Прешево, околу сто метри одалечена од Домот на културата во кој ќе зборува Рама, истакнато е албанското државно знаме.




