– Голема Албанија е стар мит кој нема врска со нас. Нашиот проект е Голема Европа со Албанија и Србија во него, изјави премиерот на Албанија за Б92 објаснувајќи дека ниту тој ниту еден друг албански политичар не се залагал за големоалбанскиот проект.
Тој напоменува и дека е зачуден од фактот што во Србија сметаат дека провоцирал со ставот дека Косово е независна држава.
>> Еди Рама во Прешево го чекаат билборди „Добредојде Премиеру“
– Мене ми е фасцинирачко тоа што вас ова ве провоцира. Тоа не е нешто што јас сум го сонувал, тоа е реалноста. Многу држави со кои Србија соработува, го признаа Косово како независна држава. Би било добро и Србија да ја признае таа реалност. Ова не е за навредување или богохулење, туку реалност, нагласил Рама.
Еди Рама денеска е во посета на Прешево, откако вчера во Белград оствари историска средба со премиерот на Србија Александар Вучиќ.




