Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Раскошот и бедата на Русија

0
By Нова ТВ on November 11, 2014 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 11, 2014 14:38

Пишува: Јуриј Олексијович Гончарук, Амбасадор на Украина во Македонија

„За вистинскиот руски човек Европа и судбината на сето големо ариевско племе толку се драги, како и самата Русија, како и судбината на неговата родена земја, затоа што нашата судбина и е универзумска и не е со меч освоена, туку со моќта на богатството“ – ги инструираше своите современици големиот Фјодор Достоевски.

Мислам дека авторот на „Злосторство и казна“ ја имаше во предвид првенствено моќта на духовните богатства, а не моќта на жолтиот метал, како што не мислеше и на моќта на гасот и нафтата, кои во тоа време не играа таква улога како сега.

Сега енергетските извори се важен инструмент во рацете на актуелното руско раководство во стекнувањето на „универзумското“, особено во врска со „мечот“.

Духовните багатства за „стекнување“ на „универзумското“ ги замени пропагандата што вознемирува и бедноста на духот.

Не мислеше другиот голем Русин – творецот на современиот театар К.Станиславски дека неговото детиште Московскиот уметнички театар ќе изроди чудовишта како Михајло Пореченков, што приреди „забава“ во Донецкиот аеродром – облече заштитен шлем со натписот „Печат“ и се забави со стрелање од митралез со голем калибар по позициите на украинските спроведувачи на законот.

Овој „придонес“ во борбата за „рускиот свет“ достојно го оцени новоизбраниот водач на „ДНР“ А. Захарченко, којшто му додели “звање” на „народен уметник на ДНР“.
За тоа време во реоните на Донецката и на Луганската област на Украина, што се под контрола на терористите, не престанува протокот на воена техника и персонал од РФ.

На 6 ноември, од територијата на Русија во насока на градот Красниј Луч на Луганската област забележано е преместување на воена техника од 32 тенка, 16 хаубици Д-30 и 30 КамАЗ-и со муниција и жива сила.

Освен тоа, според податоците на Советот на Националната Безбедност и Одбрана, кои ги потврдува Специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ, на 8 ноември забележано е префрлување во насока на градот Снижне на Донецката област две колони на техника од околу 50 камази со платно, скоро секој од нив влечеше артилериска инсталација.

На 9 ноември претставниците на мониторинг мисијата на ОБСЕ забележаа конвој од 17 камиони ЗИЛ во близина на градот Свердлове, што се наоѓа 15 км поисточно од Донецк.
5 камиони транспортираа лансерни ракетни системи «Град».

Уште еден конвој на камиони КамАЗ набљудувачите забележаа во близила на градот Зугрес. 12 од нив транспортираа 122-милиметарски хаубици.

Една од таквите колони – со тенкови и самоодни артилериски инсталации беше забележана во близина на Донецк.

Исто така, од територијата на РФ во Украина преку населениот пункт Изварине, на 9 ноември, влезе колона на камиони, сред кои беа забележани 3 КамАЗ-а со радари.
Според податоците, што постоjaт, од Руската Федерација до градот Донецк увезени се нови автомати АК-74 со ласерски нишани.

Исто така, има информација за пристигнување во блиска иднина на современи снајперски пушки.

Не треба да се исклучи дека терористите под поддршка на Вооружените Сили на РФ на таков начин подготвуваат офанзива, чија една од целите може да биде проширување на територијата што се наоѓа под нивна контрола и обезбедување на сувоземен коридор со времено заземената Автономна Република Крим.

А Заападот како и секогаш реагира споро, прво не може да контстатира очевидни работи, потоа конечно нешто почнува да разбира и да се заканува на Русија со зголемување на санкциите и да зборува за закана од ескалирање на конфликтот.

Русија храбро изјавува дека ништо вие, вели, нема да дојажете – нема наши војски во Украина и точка.

Значи, се се случува по познатата шема, како во бајката „Мачорот и Готвачот“ на рускиот баснописец Крилов.

Готвачот го оставил Мачорот за тој да ја чува храната од глувци, а кога се вратил, видел дека Мачорот таа храна ја јаде.

Порој од критики и закани се истурија врз Мачорот. Резултатот – Мачорот слушаше и продолжуваше да јаде…

Заклучокот на самиот Крилов е таков дека треба да запре празниот разговор и конечно да се воспостави вистинската власт.

*Оваа колумна за НОВА е објавена со одобрение на Амбасадорот

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.