CNN одлучи кон крајот на годината да го прекине емитувањето на својата програма во Русија поради најновите законски промени во Русија кои го засилуваат надзорот на државата над независните медиуми.
Сопственикот на Си-ен-ен, компанијата Тарнер интернешнел, не го навел престанувањето на емитувањето, но руската новинска агенција Тас објавила дека емитувањето ќе престане на 31 декември.
„Тарнер интернешнел размислува за емитувањето на CNN во Русија поради најновите законски измени што се однесуваат на медиумите. За време на тој процес ќе го сопреме емитувањето“, се вели во соопштението.
Сепак дописништвото на американската мрежа во Москва ќе продолжи со работа.
Одлуката е донесена во време на сѐ посилен притисок на рускиот претседател Владимир Путин врз „независните“ медиуми, особено околу известувањето за украинската криза.
Според најновите законски одредби, странски партнери ќе можат да учествуваат во сопственоста на медиумите во Русија со најмногу 20 отсто учество, со што се погодени голем број медиуми во земјата што се под контрола на Западот.




