Published: Wednesday, November 12, 2014 10:52
Триесетина луѓе биле повредени а над 200 се уапсени во синоќешните нереди во Варшава кога се судриле полицијата и хулиганите за текот на традиционалниот Марш на независноста во полскиот главен град.
Повод за протестите бил националниот ден на Полска – Денот на независноста.
Овој марш го организираат полските националисти по повод 11 ноември, Денот на независноста на Полска.
Хулиганите биле главно фудбалски навивачи, пишуваат светските медиуми.




