Published: Wednesday, November 12, 2014 12:27
Радикалецот Војислав Шешељ кој неодамна беше пуштен на слобода поради влошено здравје од Хашкиот трибунал, денеска пристигнува во Белград. Лидерот на српската радикална партија речиси 12 години беше во притвор во Хаг.
На белградскиот аеродром, Шешељ доаѓа од Амстердам помеѓу 12:30 и 13:00 часот. Членоците на неговата партија веќе се собираат на аеродромот „Никола Тесла“ со транспаренти и маички со неговиот лик, пренесува Танјуг. Се очекува и говор на Шешељ.
На 6-ти ноември судиите во Хаг донесоа одлука според која тој ќе биде слободен привремено, откако српската Влада достави гаранција.
Тој е обвинет за воени злосторства од 14-ти февруари 2003 годинам а десетина дена подоцна самиот се предаде.




