НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тридневна жалост во Грција, бројот на жртвите се искачи на 38, претежно работници, деца и студенти

0
By Соња Крамарска on March 1, 2023 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, РЕГИОН
фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Судирот меѓу патнички воз и товарен воз што синоќа се случи во Грција во областа Евангелизам, кај Темпи, се претвори во национална трагедија. Во оваа несреќа загинаа 38 лица, од кои осум тела се пронајдени јагленосани. Во оваа најголема железничка несреќа во Грција, спасени се 130 лица, од кои 66 се задржани на болничко лекување во Лариса, Катерини и Солун.

Грција го доживеа најголемиот шок откако се дозна дека меѓу загинатите има многу деца и студенти кои се враќале од Лариса и Атина на Универзитетот во Солун. Меѓу жртвите има и 9 работници во грчките железници.

Она што е особено загрижувачко за спасувачите е тоа што сите жртви се извлечени од третиот вагон, додека отстранувањето и потрагата по жртвите од првиот и вториот вагон започна во 9 часот по локално време. Се стравува дека ќе се зголеми бројот на жртви, пренесува ЕРТ.

Во моментот на судирот во патничкиот воз кој сообраќал на релација Атина-Солун имало околу 350 патници. Судирот се случил под околности кои се под истрага, но најверојатно возовите се движеле по иста линија, завршувајќи во директен судир.

Конкретно, луѓе од ОСЕ наведуваат дека електронскиот систем одамна не работи, односно се работи рачно.

Со наредбата на премиерот е прогласена тридневна национална жалост за жртвите од железничката несреќа во Темпи од 1 до 3 март 2023 година, при што знамињата се веат на половина копје на сите јавни згради, а јавните прослави се откажани.

железничка несреќа во Грција тридневна жалост
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.