Published: Wednesday, November 12, 2014 13:50
Лидерот на Српската радикална партија Војислав Шешељ пристигна во Белград со директен лет од Амстердам. Тој е пречекан од многубројни симпатизери и членови на неговата партија на аеродромот „Никола Тесла“.

Собраните во името на Шешељ, при пречекот пееле четнички песни, јавува РТС.
Веднаш по пристигнувањето, Шешељ се упатил кон Земун во седиштето на партијата. На аеродромот во Белград пристуни биле и домашни и странски новинарски екипи.

Видеото е во сопственост на „Мондо портал“




