Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бектеши: Работиме на изградба на безбеден енергетски систем за забрзување на енергетската транзиција

0
By Ана Василевска on March 2, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 2, 2023 13:27

Северна Македонија минува низ големи промени во инфраструктурата во енергетскиот сектор. Се реализираат големи инвестиции во обновлива енергија кои наскоро ќе доминират во производството на електрична енергија. Системот на дистрибуција на природен гас е во развој на нови интерконекции со соседните земји. Дистрибутивна гасоводна мрежа ќе се прошири во сите најголеми општини. Мрежите за дистрибуција на гас ќе бидат дизајнирани за најголемите општини и системите за централно греење и ладење се планирани за погусто населените области на нашите општини. Како резултат на овие инвестиции и промени во енергетската инфраструктура, државата има зголемена потреба од паметни мерачи, софтвер управуван од вештачка интелегенција како и капацитети за складирање на електричната енергија од обновливи извори.

Ова го истакна министерот за економија Крешник Бектеши на Панел дискусијата „Критична инфраструктура“ во рамки на Министерскиот состанок на Партнерство за трансатланска енергија и климатска промена (P-TECC) кој во организација на Министерството за енергија на Соединетите Американски Држави и Министерството за економија и одржлив развој на Република Хрватска се одржува во Загреб.

Како што истакна министерот на Панел дискусијата, Северна Македонија е сериозно посветена на енергетска транзиција и диверзификација на изворите на снабдување со енергенси и реализација на зеленото сценарио, кое предвидува целосно затварање на на капацитетите за производство на електрична енергија од јаглен до 2035 година година.

„Нашата енергетска стратегија предвидува итна изградба на проекти обновлива енергија, соларни, ветерни и хидроцентрали, за да се замени производството на енергија на јаглен и да се задоволат идните потреби за електрична енергија на државата. Нашата цел е уделот на обновливите извори на енергија во производството на електрична енергија во Северна Македонија да достигне 50 отсто пред 2030 година“, кажа Бектеши.

Министерот  за економија истакна дека како што е случај со сите земји, електроенергетската мрежа на Северна Македонија има и ќе продолжи да се соочува со зголемен број предизвици во транзицијата кон производство на чиста енергија.

„Северна Македонија прави чекори во заштита на нашата критична енергетска инфраструктура. Инсталираме нов оперативен софтвер што е целосно во согласност со меѓународните барања за сајбер безбедност и овозможува подобро планирање, закажување и операции на варијабилни капацитети од обновливи извори на енергија и капацитети за складирање на енергија. Регулаторната комисија за енергетика подготвува надзор над капацитетот за сајбер безбедност особено за субјектите што се сметаат за критична инфраструктура. Работиме на измени и дополнувања на Законот за енергетика за примена на меѓународни стандарди за сајбер безбедност на енергетските капацитети со цел да се создаде посигурен дигитален екосистем“, кажа министерот и потенцираше дека има во оваа насока државата има уште неколку чекори за завршување, вклучително и развој на нов Закон за компјутерска безбедност и транспонирање на директивите на ЕУ.

Тој додаде дека со оглед на тоа што нашите енергетски мрежи стануваат поинтегрирани, заштитата на критичката инфраструктура станува предмет на прекугранична соработка.

„Постојат многу опции што би можеле да ги разгледаме за соработка во регионот како што се зеднички сет на стандарди низ регионот за енергетска инфраструктура, идентификација на регионалната критична инфраструктура и како е заштитена, стрес -тестови за да се идентификуваат слабите места во регионот каде треба да се постават приоритетни инвестиции“, истакна министерот за економија Бектеши во обраќањето.

Енергетска инфраструктура Енергетски систем Крешник Бектеши
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
April 30, 2026Updated:April 30, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

ВЕСТИ April 30, 2026

Почитувани колешки и колеги, почитувани сестри и браќа,

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

April 29, 2026

Цените на нафтата нагло пораснаа по објавувањето на планот на Трамп за Ормускиот теснец

April 29, 2026

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче  

April 28, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.