Published: Thursday, November 13, 2014 10:36
Роботската сонда Philae ги направи и испрати долгоочекуваните први фотографии од површината на кометата на која слета.
При слетувањето леталото се откачи од научниот вселенски чадор Rosetta и стигна на јадрото на кометата 67P / Чурјумов-Герасименко. Научниците се надеваат дека примероците кои ќе ги складира сондата ќе помогне при истражувањето за потеклото на кометите и на другите небесни тела. Слетувањето на истражувачката сонда претставува кулминација на десетгодишна мисија.

На добиената слика се гледа една од 14-метарски соларни батерии на чадорот.
Апаратот Rosetta прелета за 10 години 6 милијарди километри. За развој на мисијата, планирање и изградба на апаратот беа потребни 20 години. Во мисијата учествуваа над 2.000 лица.




