Ден пред средбата на лидерите на 20-те водечките економии во светот во Австралија, рускиот претседател Владимир Путин остро ги критикувал САД, во интервју за државната агенција ТАСС.
Според него со наметнување на санкциите, Американците уништуваат меѓународни институции, во чие создавање учествувале. Тоа е грешка која се надевам на крајот ќе биде поправена, додал тој.
Путин рекол, дека санкциите наметнати против неговата земја од САД, ЕУ, Јапонија, Канада, Швајцарија и неколку други земји и штетат на Русија, но и пречат и на светската економија.
-Замрзнувањето на средства, забраната за визи и изолирањето на руските компании од западните финансиски пазари и технологии е спротивно на меѓународното право, бидејќи само ОН има право на слични мерки, ја објаснува својата теза претседателот. Тие се спротивни и на трговските договори, вклучувајќи го Генерален договор за тарифи и трговија (ГАТТ), кој прерасна во Светската трговска организација, додал тој.
Путин вели дека на форумот во Бризбејн, кој почнува во сабота, нема да го покренува прашањето за санкциите, бидејќи тоа нема смисол.
Претседателот признава дека санкциите и поевтинувањето на нафта и создаваат проблеми на руската економија, но додава: „Нашите резерви се доволно големи и ни дозволуваат да сме убедени дека ќе ги исполниме социјалните ветувања.




