Човекот кој утрово направи инцидент пред владината зграда во Србија вперувајќи пиштол во воздух, е пензиониран потполковник на српската војска, јавуваат српските медиуми.
Српскиот Министер за одбрана кој по расчистувањето на инцидентот разговарал со потполковникот, соопшти дека станува збор за незадоволен човек на кој не му било исполнето ветување од 2006 година, дека ќе ми биде зголемена воената пензија.
– Во 2006 година тогашната власт ја зголеми пензијата за 10 отсто но без намера да им плати на луѓето, по што ја поништија одлуката, изјави министерот Братислав Гашиќ.
По тужбите од војниците, српските судови тогаш одлучија на некои да им биде зголемена а на некои не.
По денешниот инцидент, српскиот Министер за одбрана најави дека заедно со револтираниот потполковник и останатите незадоволни ќе се разговара за изнаоѓање некакво решение.




