Published: Saturday, November 15, 2014 10:17
Бројот на загинатите во конфликтот во источна Украина достигна 4 132 лица, се наведува во извештајот на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарните прашања, пренесуваат светските новински агенции.
„До 11 ноември најмалку 4132 луѓе биле убиени (вклучувајќи 298 лица во авионот на летот MH17 на малезиската авиокомпанија), а 9 747 лица беа повредени во источна Украина”, се наведува во документот кој беше објавен вчера.
ОН забележува дека овие проценки се „доста претпазливи”.
„Канцеларијата на Високиот комесар за човекови права и Светската здравствена организација сметаат дека реалната бројка на загинатите е значително поголем”, се нагласува во документот.




