Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Произведен првиот македонски камион

0
By Нова ТВ on November 15, 2014 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, November 15, 2014 19:28

Велешката компанија Брако започна со производство на камиони за вакуумско чистење на градските улици.

Првиот камион е резултат на заедничкото партнерство на Брако со италијанската компанија Биострада. Механичкиот уличен чистач е специјално еколошко возило, чие производство, од составните делови па се до склопувањето, се одвива во погоните на Брако. Ова е првпат во Македонија да се произведуваат камиони.

– Брако веќе неколку години работи на производство на ова возило, но за потребите на нашиот партнер, италијанската компанија Биострада, соработка започната во 2011 година. По стекнатото искуство во производство на составните делови, отидовме и чекор понатаму со целосно производство на првиот македонски камион. Со ова Брако отвора ново поглавје во сопственото производно портфолио, а воедно отвора и нови перспективи за конкурентноста на македонското производство на странските пазари – изјави Кочо Анѓушев, претседателот на Бордот на директори на Брако.

Првите камиони ќе завршат на пазарите во Катар и Италија.

Возилото има висок капацитет со можност да исчисти над 70.000 м2 на час и обезбедува напредни еколошки перформанси. Користи вакуумски систем за собирање на отпадот базиран на метли што ја собираат и ја насочуваат нечистотијата кон централниот дел на машината. Целосното сузбивање на правот е постигнато преку системот за собирање и дополнително со притисокот внатре во контејнерот, генериран од турбина за вшмукување. На овој начин се постигнува максимален ефект во чистењето, а со бројните филтри поставени на патеката на движење на отпадот и внатре во контејнерот, се филтрира воздухот пред да биде испуштен.

– Биострада во своето осумгодишно постоење успеа да се наметне на пазарот за производство на камиони за вакуумско чистење. Имаме соработка со земјите од Западна Европа, Јужна Америка, Азија и Африка. Веќе започнавме и соработка со армијата на САД. Може да се каже дека со одлична развојна стратегија направивме големи чекори за кус временски период. Овој денешен почеток на заедничко партнерство со Брако за нас преставува отворање на нова страница којашто ветува голем успех – изјави Алесандро Енџоли од италијанската компанија Биострада.

Компанијата Браќа Кошулчеви е основана во 1947 година во Велес, каде главно производство се приколките препознатлив бренд во поранешна Југославија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.