Организацијата Исламска држава денеска објави видео во кое еден од џихадистите тврди дека го обезглавил американскиот хуманитарен работник кој беше киднапиран минатата година Питер Касиг.
Сепак се уште не може да се утврди дали навистина е Американецот на видеото. Видеото објавено на веб сајтовите кои ИД и порано, служи за да се предупреди Меѓународната коалиција предводена од САД да престане со бомбардирањата во Ирак и Сирија.
– Ова е Питер Касиг, американски државјанин, на вашата земја. Питер кој се бореше против муслиманите во Ирак додека беше војник, вели џихадистот во 16-минутното видео.
.jpg)
Тој предупредува дека и војниците на САД ќе ја доживеат истата судбина.
Питер Касиг, од ренџерите на американската армија работеше на проект од хуманитарен карактер во Сирија, а киднапиран е во земјата на 1.октомври 2013 година. Според пријателите, тој преминал во исламот и се прекрстил во Абдул-Рахман.




