Најголемиот шведски пензиски фонд „Алекта“ загуби две милијарди долари поради неуспехот на американските банки.
Главниот извршен директор на фондот, Магнус Билинг, рече дека обемот на загубите станал поочигледен откако приватната пензиска групација го продаде целиот свој удел во First Republic Bank, со загуба од 7,5 милијарди круни (728 милиони долари).
Тој рече дека инвестициите во американските банки се „голем неуспех“, објави Блумберг.
Како што е наведено, „Алекта“ се соочува со загуби од речиси 2 милијарди долари поради неуспешната инвестициска стратегија што ја направи еден од најголемите акционери во две пропаднати американски банки и уште една вовлечена во тековната банкарска криза.
Тоа, исто така, ги зголемува очекуваните загуби од 8,9 милијарди круни и 3,2 милијарди круни во банката на Силиконската долина и банката Signature.
Како што се наведува, „Алекта“ е доволно голема за да издржи загуби кои нема да влијаат на 2,6 милиони Швеѓани чии приватни заштеди се вложени во фондот.
Како и да е, веста предизвика негодување во јавноста во Шведска, особено затоа што „Алекта“ неодамна се откажа од својот удел во двата локални кредитори – Svenska Handelsbanken AB и Svedbank AB, и избра да инвестира во американски банки.
SVB првенствено служеше на стартап заедницата, додека Signature беше насочена кон крипто заедницата, пренесува Танјуг.