„Најрадикалните навивачи на Хрватска предизвикуваа прекин на натпреварот“, „Ова е војна или фудбал“, „Срамота за Хрватите на Сан Сиро“ се насловите кои утрово доминираа во светските медиуми по синоќешниот квалификациски натпревар помеѓу селекциите на Италија и Хрватска.
„Петарди и димни бомби го стопираа фудбалскиот меч на 10 минути, а некое време владееше и паника“, пишува „Газета“ во одделен напис посветен на навивањето.
„Кориере дело спорт“ пишува: Италија уште еднаш заложник на мала група нецивилизирани идиоти.
Светските медиуми кои работат на тема спорт велат оваа група на хулигани не смее да помине неказнето.
„Како можеле да внесат такви средства на фудбалски стадион? Уште еднаш останавме заложници на мала група нецивилизирани идиоти кои дојдоа од далеку. Ова не може да се спореди со дејствувањата на српските хулигани во Џенова“, пишуваат медиумите.
.jpg)
Синоќешниот натпревар заврши со резултат 1:1 по голот на Антионио Кандрева за Италија и погодокот на Иван Перишиќ за Хрватска.
За нередите на Сан Сиро во Милано пишуваат и српските медиуми.
„Како сега УЕФА ќе ги казни Хрватите“ е главното прашање кое го поставуваат српските медиуми, инспирирани од казната на нивната репрезентација за прекинот на натпреварот помеѓу Србија и Албанија неодамна.



