Не се работи само за Украина туку и за Грузија, за Молдавија, може во иднина да се работи и за Србија и земјите од Западен Балкан, смета германската канцеларка Ангела Меркел во однос на влијанието на Русија. За неа кризата во Украина не претставува регионален конфликт.
Според Меркел западните земји во нивните реакции на украинските собитија мора да дејствуваат заедно.
„Најголемата опасноста е тоа што не смееме да си дозволиме разногласие“, вели канцеларката, додавајќи дека Европа и САД „мора да го продолжат патот“ по кој заедно одат кон решавање на конфликтот.
Таа потврди дека Западот мора да го искористи секој момент за преговори со Владимир Путин за изнаоѓање дипломатско решение како би се решил конфликтот во источниот дел на Украина.
Од друга страна и Путин верува во изнаоѓање решение. Во интервју за германската телевизија „Ард“ тој изрази убедување дека дипломатско решение за кризата со Украина е на повидок, но рече загрижен е од опасноста за етничко чистење на исток во земјата.
– Да зборувам отворено, загрижен сум што може да дојде до етничко чистење. Се плашиме од неонацизам. Има луѓе кои со крст во рака одат вооружени. Затоа се плашиме, тоа би било катастрофа за украинскиот народ, изјави рускиот претседател.
Тој за кризата ја обвини Владата на Украина за како што вели, употребата на сила.




