НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лагите се немоќни пред испитот на реалноста

0
By Xhabir Deralla on March 27, 2023 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ЏАБИР ДЕРАЛА

Рашистите и русоманите се силно вознемирени. Секој ден се погодени, како со ХИМАРС, со сите наши вести, анализи и колумни во кои објавуваме факти за војната што ја водат Русите против Украина и слободниот свет. За срамните порази на фронтот што ги трпи руската солдатеска, а потоа спроведува садистички репресалии и терор врз цивилното население.

Погодени се од секоја вест или став што говори за демократските вредности, за слободата, демократијата, еднаквоста, човековите права… Сето тоа ужасно им пречи. Сѐ им пречи. А најмногу им пречи кога некој им го оспорува „ексклузивното право“ да плукаат.

За што се работи? Истите профили на социјалните мрежи – меѓу кои има и десетина за кои може со голема сигурност да се тврди дека се вистински, а не лажни – со години се занимаваат со тролање. Сеат омраза, шират дезинформации и теории на заговорот, дискредитираат сѐ што ќе објавиме. Се гледа дека не читаат. Веројатно им е и забрането тоа. Многу лесно може да се утврди дека не читаат, затоа што нивните коментари најчесто се тотално неповрзани со содржината што ја „напаѓаат“.

Познато е дека пропагандата дејствува преку организирани групи на тролови кои се под команда или во спрега со корумпирани, криминални и радикални инсталации во политичките партии. Нив ги поддржува пропагандна мрежа со центар во Кремљ, преку инсталации овде, во бизнисот, граѓанските организации и медиумите. Никој не е наивен. Одамна се познати шемите и целите.

Кутрите тролови, тие се на најниското и најслабо платеното скалило, а некои се и само обични корисни идиоти, па не се ни платени. Тие, нивните маалски капитени и првите луѓе во националистичките партии, сите заедно, искрено веруваат во Путин, воениот злосторник за кого животот нема вредност. Веруваат во лик кому повеќе му значи муницијата за пушките, отколку животот на неговите војници, па им подели лопати на боиштето кај Бахмут. За една година испрати двесте илјади луѓе во сигурна смрт на украинските фронтови. А за ужалените вдовици и мајки обезбеди бунди за утеха. Ете, таков човек им е идол.

И сеат омраза против сѐ што не се наоѓа во катихизисот на нивната партија. Лажат. Да, лажат дека нешто им значат „татковината, гордоста, идентитетот…“ Ништо од тоа не им значи, бидејќи повеќето тролови се премногу прости за да ги разберат тие поими. Ништо не им значат ниту на политичарите (читај криминалците) кои стојат зад нив. Тие поими за нив се само алатки за манипулација. Нивната цел, заедно со спин-мајсторите во бизнисот и медиумите, е да профитираат. Ќе се здружат и со црниот ѓавол и со злосторниците од Кремљ, само да дојдат на власт. Зошто? Одговорот е многу лесен. За да ја заробат државата и да ја молзат. Колку и да ја осиромашат државата, пак ќе има за нив. Тоа им е најважно.

Да ги оставиме кутрите тролови на страна. Не се тие најголемиот проблем. Нема крај ропското понижување на интелектуалците (што и да значи овој поим) и медиумските газди пред партиските моќници. Тие се спин-мајсторите и гласниците кои на „народот“ му ветуваат враќање на „националното достоинство, името, јазикот, идентитетот“ и „традиционалните семејни вредности“.

Никој не го одземал националното достоинство, името, јазикот, идентитетот… Напротив, тие се заштитени повеќе од кога и да е порано, а воедно земјата веќе со месеци е на брзиот колосек кон ЕУ. Но тоа, впрочем, е и најголемиот проблем за рашистите. Додека лидерите во политиката, прогресивните граѓанки и граѓани, медиуми и граѓански организации ја вадеа земјата од изолација и ја поставуваа на шините кон европската иднина, тие чучеа на страна и – мразеа. И сега, кога светот е пред жестоки пресвртници, тие ѝ се поклонија на деструкцијата.

Ете, тоа е валканата позадина на кампањите со лаги, омраза, подбив и дискредитација што со години се упатуваат секој ден на адреса на ЦИВИЛ или на мене лично. Ништо друго.

Но лагите се немоќни пред испитот на реалноста. Потврдено.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.