НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Студентски пленум – како почна отпорот кој обедини илјадници студенти

0
By Сашка Цветковска on November 17, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

03 октомври 2014
Министерот Адеми најави екстерно тестирање во висото образование

Министерот Абдилаќим Адеми најави нова реформа во високото образование – екстерно тестирање за студентите, односно државни испити на сите државни и приватни универзитети во земјава кои ќе се полагаат на крајот од втората и на крајот од четвртата година.
– Сакаме да го воведеме два пати во текот на студиите, па ако студентот не положи во втора година да знае дека не може да продолжи понатаму, да не троши ни време, ни пари, рече Адеми.

22 октомври 2014
Прв Студентски пленум пред платото на УКИМ

Пред платото на Универзитетот „Кирил и Методиј“ се одржа првиот Студентски пленум. Вечерта студентите се собраа во помал број со намера да дискутираат во кој правец ќе се одат во намерата да го спречат воведување на екстерно тестирање. Се организираа на социјалните мрежи преку фејсбук групата „Стоп за екстерното тестирање“, но дојде до мало недоразбирање кога дел од медиумите нивниот собир го протолкуваа како протест.

29 октомври 2014
Втор Студентски пленум на Електротехничкот факултет

На средбата пред факултетот за Елекротехника и информациски технологии студентите рекоа дека екстерното тестирање е неуставно, но најавија дека ќе побараат и од нивните професори да застанат зад иницијативата да се укине идејата за воведување на екстерно тестирање.
„Студентски Пленум е АВТЕНТИЧНА иницијатива покрената од самите студенти која се оградува од било какво партиско влијание, затоа ве охрабруваме да продолжите да доаѓате на студентските пленуми како НЕЗАВИСНИ студенти и да зборувате од свое име, со што ќе можеме да дојдеме до заедничко решение кое на сите ни одговара!“, извадок од соопштение на Студентскиот пленум.

31 Октомври 2013
Студентите побараа од Ректоратот на УКИМ да се изјасни за екстерното тестирање


Фотографија од најавата на Студентски пленум за собирот пред Ректоратот

Студентската иницијатива за одбрана на правата на студентите „Студентски пленум“ побара на денешната седница на Сенатот на УКИМ да се разгледа прашањето за екстерното тестирање. Тие се собраа пред зградата на Ректоратот од каде што со свирежи ги „поздравуваа“ професорите кои доаѓаа на седница. По половина час Ректорот Велимир Стојковски ги прими студентите, но изјави дека е рано да се произнесе за предлогот на Министерството бидејќи се уште не го добиле на писмено.


4 ноември 2014
Трет Студентски пленум на Архитектонскиот факултет

Стотина студенти во вечерните часови се собраа во дворот на Архитектонскиот факултет. Ги повторија своите барања за отстапување од намерите за воведување на екстерно тестирање на факултитите. Разговараа и за идејата да се организира протестен марш.

„Не ведни глава, придружи се“ е најавата за третиот Студентски пленум која се споделува на социјалните мрежи

Илустрацијата која Студентскиот пленум ја споделува на социјалните мрежи во која ги објаснува своите заложби

06 ноември 2014
Студентски пленум во акција против Студентскиот парламент

На 06 ноември иницијативата Студентски пленум ја извести јавноста дека ноќта на 4 ноември лепеле постери на Водно со пораки упатени до Студентскиот парламент во знак на револт против нивната индиферентност кон студентските проблеми.
„Студентската иницијатива „Студентски пленум“ на 04.11.2014 (среда) постави табли на патот кон средно Водно со цел потсетување на Студентскиот парламент при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ дека треба да заземе проактивен став на темата државен испит, најавена од министерот за образование и наука, Абдулаким Адеми. Поводот за оваа акција е организирањето на студентско планинарење на Водно од страна на СПУКМ, кое е задолжително за студентите од прва година од УКИМ. Сметаме дека СПУКМ треба да почне посериозно да ги претставува интересите на студентите на најголемиот државен универзитет во Македонија, наместо само да организира студентски забави и манифестации кои немаат за цел подобрување на положбата на студентите во Македонија“, пишуваше во соопштението на „Студентски пленум“


Пораките на Водно до СПУКМ

12 ноември 2014
Четврт Студентски пленум – Стратегија против екстерното

На четвртиот пленум беше најавен денешниот протест против екстерното тестирање. Студентите ноќта имаа уште една „герила акција“, а овој пат, по Водно, „мета“ беа спомениците.


17 ноември 2014
Над 2 илјади студенти протестираа против екстерното тестирање во Скопје

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.