Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

А1 ТВ ќе зрачи во Струмица – стариот бренд оди кај нова регионална телевизија

0
By Томе Христов on November 18, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 18, 2014 11:34

Зградата во која што се наоѓа седиштето на телевизијата

Иако веќе подолг период на терен фигурираат како веќе постоечкиот канал ВТВ, внатре од телевизијата велат дека официјално во етер ќе зрачат како Телеканал А1. Телевизијата претходно зрачеше како локална, но сега добива концесија за регионална телевизија. Зошто настана таква промена и зошто ќе се користи овој добро познат бренд на македонската јавност токму во Струмица, не добивме одговор од главниот уредник Петар Трајков, кој и е добро познат на струмичката јавност како активист и член на ВМРО-ДПМНЕ.

Во телефонски разговор Трајков ни изјави дека ќе одговори на прашањата кои ги испративме до него, но до денеска одговор не добивме. НОВА, покрај неколкуте прашања, побара одговор и за тоа каква програма ќе и биде понудена на јавноста, со колкав тим ќе располага, колку средства се вложени и која е целта на телевизијата, но одговор не добивме.

Во јавноста деновиве се шпекулира дека телевизијата ќе биде наменета единствено како конкурент на политиките на струмичкиот градоначалник Зоран Заев.

Сопствениците на веќе постоечките телевизии во Струмица, ТВ Канал ВИС и ТВ Интел размислуваат различно во однос на отворањето на А1 струмичка. Едни во неа гледаат нелојална конкуренција, а други поттик за подобрување на програмата.

„Се надеваме на фер конкурентност, а очекуваме нефер конкурентни односи. Што можеме да очекуваме кога ВТВ телевизија во 2013 година само со еден вработен имаше 10,5 милиони денари приход, а сега преструктуирани ќе работат со над 20 вработени“, вели Димитар Мицев, сопственик на ТВ ВИС.

Тој вели дека телевизија ВИС во иднина на пазарот ќе се бори со содржина и добра програма, бидејќи во другиот дел, како што истакна, не можеле да бидат конкурентни.

Од телевизија Интел пак сметаат дека во медиумскиот простор има место за работа на повеќе ТВ станици и дека е нормално како комерцијални субјекти секој да се избори со својата програмска шема за што поголема публика, а со тоа и за поголем број на клиенти кои ќе се рекламираат.

„Конкуренцијата била присутна отсекогаш и таа треба да ни даде поттик и повод за што повеќе да го подобриме квалитетот на нашата програма, а со тоа и гледаноста. Би потенцирал дека секој медиум со својата програмска понуда достига одреден рејтинг како резултат на тоа колку гледачи успева да задржи на својата фреквенција пред ТВ приемникот“, вели Георге Запров, сопственик на ТВ Интел.

Новата регионална телевизија Телеканал А1 официјално требаше да стартува од 1-ви ноември, а во исто време се најавуваат уште шест нови регионални телевизии во државата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.